Повеќе нови работни места преку новата ИПАРД програма

Bez autora
Jul 07 2013

Во новата ИПАРД програма се предвидува да се финансираат повеќе дејности, а за истата ќе бидат одвоени 15 милиони евра за отворање на нови работни места со кофинансирање. Занаетчиството, туризмот, алтернативното земјоделство, новите сместувачки капацитети, угостителството се само дел од новата ИПАРД програма. На планинските места каде шти има до 30 илјади жители ќе бидат финансирани нови сместувачки капацитети, а во езерските места како на пример Дојран, Преспа, Радожда, покрај сместувачките капацитети ќе се финансира и угостителстото, односно изградба на ресторани, кафулиња и слично. Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки, градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 отсто од вложените средства.

Повеќе нови работни места преку новата ИПАРД програмаВо новата ИПАРД програма се предвидува да се финансираат повеќе дејности, а за истата ќе бидат одвоени 15 милиони евра за отворање на нови работни места со кофинансирање. Занаетчиството, туризмот, алтернативното земјоделство, новите сместувачки капацитети, угостителството се само дел од новата ИПАРД програма, рече во неделата на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

На планинските места каде шти има до 30 илјади жители ќе бидат финансирани нови сместувачки капацитети, а во езерските места како на пример Дојран, Преспа, Радожда, покрај сместувачките капацитети ќе се финансира и угостителстото, односно изградба на ресторани, кафулиња и слично.

Во новата ИПАРД програма предвидено е и финансирање на фризерски салони, игротеки, градинки со цел подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, а ќе бидат кофинансирани 50 отсто од вложените средства.

За стекнување на правото за користење на овие средства, портпаролот Ѓорѓиев појасни дека е потребно барање до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, со образложение за проектот, субјектот кој аплицира да нема долг кон државата, како и доказ за сопственост или за закупнина на земјиштето каде што ќе се реалзиира проектот.

„Оваа година е направен уште еден исчекор, претходно проектите што беа поддржани од државата преку кофинансирање беше од пет илјади до 200 илјади евра, годинава долниот праг е симнат на три илади евра, а горниот зголемен на 450 илјади евра. Исклучок се туристичките капацитети каде е дозволено финансирање проекти во износ до 750 илјади евра, што го покажува посебниот акцент на можностите што се даваат во туристичката дејност", рече Ѓорѓиев.

Огласот треба да биде објавен следнава недела од страна на Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и руралниот развој и ќе трае 45 дена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik